Подесување на ласерот

Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот, електричниот алат треба да биде приклучен на напојување со струја.

За да обезбедите попрецизни резови мора да ги проверите ласерските зраци по интензивно користење и евентуално одново да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.

  • На делот што се обработува нацртајте права линија за сечење.
  • Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (4).
  • Делот што се обработува поставете го на тој начин што запците од сечилото за пила ќе се израмнат со линијата за сечење.
  • Цврсто држете го делот што се обработува во оваа позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
  • Прицврстете го делот што се обработува.
  • Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (19), без да ја притискате блокадата при вклучување (5).

Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и кога рачката на алатот ќе се води надолу.

  • Свртете ја завртката за подесување (47) со соодветен одвртувач, додека ласерскиот зрак не се постави рамно по целата должина на линијата на сечење на делот што се обработува.

Едно вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од десно на лево.