Приказ за наполнетост на батеријата

5 LED светилки на LED-приказот ја прикажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. LED-приказот свети 5 s по вклучувањето.

LED-светилки

Капацитет

Трајно светло 5 × зелено

80–100 %

Трајно светло 4 × зелено

60–80 %

Трајно светло 3 × зелено

40–60 %

Трајно светло 2 × зелено

20–40 %

Трајно светло 1 × жолто

1–20 %

Трајно светло 1 × црвено

0–1 %

Заштита од преоптоварување во зависност од температурата

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При преголемо оптоварување или работење надвор од дозволените граници на температура за батеријата, се намалува бројот на вртежи или се исклучува електричниот уред. При намален број на вртежи, електричниот алат се вклучува дури откако ќе се постигне дозволената температура на батеријата или при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При автоматско исклучување, исклучете го електричниот алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно вклучете го.