Безбедносни напомени
Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив. Доколку ротирачката платформа и далечинскиот управувач не се користат согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА.
- Ротирачката платформа и далечинскиот управувач смеат да се поправаат само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на ротирачката платформа и далечинскиот управувач.
- Не работете со ротирачката платформа и далечинскиот управувач во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Во ротирачката платформа и далечинскиот управувач се создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Не ја принесувајте магнетната опрема во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Магнетите на опремата создаваат поле кое може да ја наруши на функцијата на имплантите или на медицинските уреди. |
- Магнетната опрема држете ја подалеку од магнетски носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетот на опремата може да дојде до неповратно губење на податоците.