Начини на работа

Подесување на осцилации

Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа овозможуваат оптимално прилагодување на брзината, капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се обработува.

Со рачката за подесување (8) можете да ги поставите осцилациите и за време на работата.

Ниво 0

нема осцилации

Ниво I

мали осцилации

Ниво II

средни осцилации

Ниво III

големи осцилации

Оптималниот степен на осцилирање за односната примена може да се одреди со практичен обид. Притоа важат следните препораки:

  • Доколку го изберете степенот на осцилирање што помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде подобар и почист исечениот раб.
  • При обработка на тенки материјали (на пр. лимови) исклучете го осцилирањето.
  • Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало осцилирање.
  • Кај меки материјали и при сечење на дрво може да се работи со максимално осцилирање.

Подесување на аголот на закосување (види слика E)

Основната плоча (7) може да се навали кон десно или кон лево за сечење под агол до 45°.

Заштитата од кинење (16) не може да се примени за сечење под агол.

  • Извадете ја заштитата од кинење (16).
  • Олабавете ја завртката (17) и притиснете ја основната плоча (7) лесно во правец на сечилото на пилата (10).
  • За подесување на прецизен агол на косо сечење, основната плоча од десната и левата страна има точки за вклопување на 0° и 45°. Навалете ја основната плоча (7) согласно скалата (18) во саканата позиција. Другите агли на косо сечење може да се подесат со помош на агломер.
  • Потоа притиснете ја основната плоча (7) до крај во правец на струјниот кабел.
  • Повторно цврсто затегнете ја завртката (17).